Kомпанијата „TEXAN & Envipco“ одлучила да отвори фабрика во Македонија за рециклирање на пластика, информираат од Влада.
Одлуката му била соопштена на премиерот Зоран Заев, кој заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.
„Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.
Компаниите изразија интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.
Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата, да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании,“ информираат од Влада.
Фото: Влада