еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Македонската јавност со неверување ги прима вестите за можното проширување на амнестијата за лица обвинети во случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Се поставува прашањето до каде е подготвена да оди Владата со амнестијата за да обезбеди дво-третинско мнозинство гласови потребни за уставните измени согласно Преспанскиот договор за промена на името на државата во Северна Македонија.

Власта веќе се обиде на мала врата да протне промена на Кривичниот законик со кој се подриваат случаите со “бомбите“ на СЈО. Со измените на овој закон би се намалиле казните за дела поврзани со јавни набавки. Познавачите толкуваат дека на овој начин се отвара можност за застарување и за условни казни на осудените во случаите на СЈО.

Со измените се намалува и временскиот рок за гонење на делата за јавни набавки и злоупотреба на службена должност и односно се забрзува рамката за тие да застарат.

Иако во Владата негираа дека предложиле измени на спорниот Кривичниот законик во оваа насока, индикативно е што премиерот Зоран Заев претходно рече дека виси дво-третинското мнозинство потребно за уставните измени и дека за сега се потврдени 76 гласа. Сепак, тој додаде дека е оптимист и дека целата работа ќе заврши успешно.

Ако се земе предвид дека во јавноста веќе проструи информација дека денеска се очекува од притвор со одлука на судија од Основниот суд Скопје 1 да излезат Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот „Скопје“ се поставува дилемата на каков уште „упад“ во судството е подготвена власта за да го спроведе Преспанскиот договор.

Неизбежно е прашањето, како треба да реагираат затворениците во Идиризово и другите затвори во земјава кога некои од нив лежат робија за кражба на ќебапчиња и ситни кражби кои се неспоредливи со штетите што врз буџетот ги направија обвинетите од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од притвор излегуваат Камчев, Мијалков, Јанакиески, Божиновски, Панделески…?

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

Од Владата велат дека не планираат нова амнестија и измени во Кривичниот Законик

ВМРО -ДПМНЕ ќе учествува на расправата за реформските закони, за предложените измени за КЗ велат дека се трговија со правото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Започна шоуто!„: Твитер во црвено за стартот на судењето за „Рекет“

Редакција

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Редакција

Ѓоковиќ испиша историја: Рекордер по бројот на недели како светски број еден тенисер

Редакција