еМагазин
Image default
ЖИВОТ

АМСМ „скенира“ колку пешачките премини околу училиштата се безбедни

АМСМ како единствена членка од Македонија на Меѓународната програма за проценка на патиштата – iRAP и Светската автомобилистичка федерација – FIA, учествуваше во подготвителниот состанок за проектот „Star rating for schools“, кој ќе се спроведува во текот на 2018 и 2019 година на нашите и  балканските простори.

АМСМ проектот го започна нa 10 септември во ОУ Димитар Миладинов, каде на учениците од четврто одделение им донираве безбедносни елечиња и балони и заедно со учителките и во соработка со сообраќајната полиција поминат на две пешачките зони во радиусот на училиштето.  За успешно реализирање на овој проект како  партнери ни се придружија Министерство за образование и  Министерството за внатрешни работи.

Проектот „Star rating for schools“ има за цел да обезбеди анализа на ризикот и степенот на безбедност на децата на зоните околу училиштата преку мобилна и веб апликација. Апликацијата е универзална, лесна за користење и обезбедува предлози за брзи интервенции со кои зоните околу училиштата ќе биде што е можно побезбедни. Сето тоа ќе придонесе кон исполнување на глобалните цели на Обединетите нации за безбедноста на патиштата, со кои до 2020та година се очекува да се намалат за половина смртните случаи и сериозните повреди на патиштата.

Во фокусот на проектот се децата и младинци – пешаци. Апликацијата овозможува сите заедници во светот да имаат пристап до овие докази и анализи, за да ја проценат безбедноста на патиштата околу училиштата и да ги информираат надлежните органи за интервенциите кои можат да се превземат.

АМСМ исто како и српскиот, косовскиот и бугарскиот авто-мото туринг клубови, есенва ќе спроведат анализа на зоните околу училиштата во Скопје, за да проценат колку ѕвезди имаат токму тие патишта, од кои една ѕвезда е зона со најголем ризик за пешаците, а зоната со пет ѕвезди е зона кој ги исполнува сите критериуми за безбедност во сообраќајот.

По анализата и обработувањето на податоците, АМСМ ќе достави официјален репорт и барање до надлежните институции за санирање на недостатоците кои ќе бидат увидени, за зголемување на зоните до четири или пет ѕвезди.

Овој проект веќе се спроведува низ светот и е поддржан од FedEx.

За повеќе информации посетете го сајтот www.starratingforschools.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Храна која содржи цинк: Минерал кој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем во време на ковид пандемијата

Редакција

Почнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка – пријавување преку веб платформата skrining.mk

Редакција

(Галерија) Што да посетите во Осогово и Малешево

Редакција