еМагазин
Image default
Бизнис

Анѓушев објасни зошто странските инвестиции секој различно ги разбира

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21,6 милиони евра, a вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев пак вчера на прес-конференција рече дека тие изнесуваат 78,8 милиони евра.

На прашањето, зошто овие бројки се разликуваат вицепремиерот објасни дека тоа е само заради тоа што оваа година имаме специфична ситуација во која што има големи средства на компании, кои што испорачале производи од нашата држава, а не ги наплатиле.

„Тоа се главно од нивните мајки-фирми и таа ставка изнесува 171 милион евра во првиот квартал. Ако на овие 171 милион евра се додадат на 21,6 милион евра, тоа би била реалната ситуација.

Со оглед на тоа што производството во странските компании порасна значително, тие сега имаат произведени и испорачани производи надвор од државата, а не наплатени. Тие пари не се стигнати во државата.

Истата категорија мината година била 64 милиони евра. Тука имаме пораст затоа што компаниите имаат зголемена активност што соодветствува со индустрискиот раст. Ако има индустриски раст има зголемување на извозот, нормално е да има и зголемување на стапката на побарувања“, изјави  Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нето приливи од 157,8 милиони во првиот квартал, од директни странски инвестиции 21,6 милиони евра

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индустриското производство со пораст од 5,6 проценти во првите девет месеци

Редакција

НЛБ Банка предупредува за злоупотреба на податоци и сметки

Редакција

Алкалоид со раст на добивката, извозот и продажбата

Редакција