еМагазин
Image default
Бизнис

Анѓушев: Вистината за профитите на моите компании ќе биде видлива во февруари

Она што медиумите го објавија како добивка по најавата дека ќе се повлечам од функцијата за да се посветам на моите компании на кои им опаѓа капиталот се однесува за 2018 година која е книговодствено прикажана во февруари годинава. Јас зборувам за 2019 година што е нешто кое ќе го видите во завршните сметки во февруари 2020 година, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Тоа се јавно достапни податоци кои сите ќе можат да ги видат. Земав обврска еден мандат да помогнам колку што можам. Мислам дека тоа го направив на начин на кој ценев дека е најсоодветен, меѓутоа се створи јаз од она што се створи како перцепција во влијанието и евентуалниот конфликт на интереси, а од друга страна имаме нешто што е вистина и неа сите ќе ја видиме во февруари 2020 година, рече Анѓушев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата со администраторот на УСАИД Марк Грин.

Посочи дека причината за окажувањето од мандатот не е само ограничувањето за неговите компании, туку и неговото отсуство од компаниите поради што се бележат лоши резултати во работењето.

-Но, причините не се само во делот дека моите компании се ограничени да работат, туку и во моето отсуство таму. Во ред е да работите и да придонесувате доколку тоа биде препознаено како добро, а доколку некој има дилема дали вие имате некаков конфликт со тоа, тогаш во таква ситуација тоа повеќе губи смисла, потенцира Анѓушев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за Анѓушев: Имам разбирање ако сака да се повлече

Каков имот пријавил вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најави повлекување од политиката

Му се враќа на бизнисот: Анѓушев по изборите, ќе се збогува со политиката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната плата во февруари изнесувала 27.206 денари

Редакција

„Фустеларко Борец“ лани ја зголеми добивката

Редакција

„Лимак“, која го гради комплексот „Diamond of Skopje“, рангирана меѓу најдобрите градежни компании во светот за 2021 година

Редакција