еМагазин
Image default
Бизнис

Анѓушев вети дека ќе ги засукале ракавите и ќе работеле: Ништо не сме направиле ако граѓаните не живеат подобро

Сите ние досега чмаевме, седевме и чекавме некој друг да ни го реши проблемот. Со ова што го направивме последно, јасна е иднината на Македонија во НАТО и ЕУ. Апсолутно ништо не сме направиле ако тоа сега не го искористиме да направиме подобра економија и граѓаните да живеат подобро, порача денеска вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој посочи дека за развој на економијата се најбитни владеењето на правото и создавањето стабилна држава и околина за инвестиции, без разлика дали се домашни или странски, за што, потенцира, Владата одработи доста во изминатите 1,5 година, а евроатлантските перспективи само го потврдуваат тоа.

-Сега мораме да ги засукаме ракавите и да работиме, бидејќи нема друг начин како да обезбедиме подобар живот за компаниите, а со тоа и за граѓаните. Како Влада мора да поттикнеме раст на животниот стандард на граѓаните, а од друга страна да им помагаме на компаниите да станат здрави, цврсти и добри. И тука влезот во НАТО и Европската унија треба да помогне, рече Анѓушев на денешната трибина „Силна економија – шанса за сите“ што се одржува во Велес.

Сите земји од опкружувањето, порача, користат фондови од ЕУ, а ние сега првпат одвоивме 12 до 15 милиони евра преку ФИТР за помош на малите и средните претријатија со кои се помогнаа над 250 компании, а за годинава се издвоени за 36 отсто повеќе пари за таа намена.

-Како да бидеме конкурентни на меѓународниот пазар кога само Бугарија користи 400 милиони евра од ЕУ за Фондот за иновации. Нема друг начин, освен да се придружиме на големото семејство и да одработиме. Тие пари никаде нема сами да дојдат, туку ќе дојдат само ако како стопанство и граѓани одработиме. Токму тие предуслови треба да ги направи Владата. Предусловите година ипол се градеа и сега тие постојат. Треба да го искористиме тоа да направиме економија, предочи Анѓушев.

Тој посочи дека компаниите мора да бидат извозно ориентирани и конкурентни на меѓународниот пазар, а за  да се постигне тоа, додаде, мора да имаат добра технологија, добро ноу-хау и добри организациски способности на менаџментот.

-Сакам да најавам интензивна економска година, интензивна офанзива, каде Владата мора да си ги заврши своите домашни задачи. Нема да има попуст кон никого што си ја работи работата, како во деловите на министрите, така и кај директорите во јавните и државните претпријатија. Мора да се искористи шансата, да се фокусираме рамномерно да ја развиеме Македонија и да има проекти во целата држава, потенцира Анѓушев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком за девет месеци ја зголеми нето добивката за 16,8 отсто

Редакција

Министерството за економија вработува 34 службеници

Редакција

Пад на просечната плата за 300 денари

Редакција