еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ана Марија Атанасовска освои второ место на Светскиот шампионат во Microsoft Office во Њујорк

Денес во i-bank store филијалата на Стопанска Банка беше претставена младата Ана Марија Атанасовска, ученичка од СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” која го освои второто место на светскиот Microsoft Office Specialist натпревар кој оваа година се одржа од 28-31 јули во Њујорк, САД.

Таа се натпреваруваше во категоријата Microsoft PowerPoint 2013 со што Македонија го направи најголемиот успех досега на овој престижен светски шампионат.

Во конкуренција со 152 учесници од 119 земји во светот, Ана Марија го освои највисокото место што досега го постигнал македонски претставник на натпреварот. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории поделени според апликациите на Microsoft Office– PowerPoint, Excel и Word.

Претставувањето на Ана Марија беше во просториите каде веќе 4 години се одржува MOC натпреварот, i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје со што уште еднаш се промовираа вредностите кои ги застапува Банката кон заедницата, кон младите и кон подобрување на едукацијата и дигиталната писменост.

Банката овие 4 години, како партнер на настанот во целост ги покрива патните трошоци и сместувањето за националниот победник и менторот.

На денешниот пречек беше презентиран успехот на кој сите треба да сме горди, а се најавија и плановите и желбите за Македонија за наредната година каде според директорката на Семос Едукација, Валентина Тасева, Македонија треба да има 9 претставници и тоа 6 во Microsoft Office конкуренција и 3 Adobe натпреварувачи.

“Многу сме среќни на овој голем успех и освојувањето на досега највисокиот пласман на светскиот натпревар во дигитална писменост, второто место. Честитки до сите учесници, професори и ментори. Исто така сакам да се заблагодарам на сите поддржувачи на овој натпревар кои во изминатите 4 години ги препознаа потенцијалот на нашите млади, како: Стопанска Банка Скопје, Град Скопје, VIP, Макпетрол, Метрополис Радио, Витаминка и Lycamobile.

Она што сакам да го истакнам и потенцирам е дека нашите млади заслужуваат поголемо внимание и би сакала да апелирам за поголема помош и активно вклучување на поголем број на компании и државни институции со поддршка, со цел да се овозможи присуството на македонските претставници на глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe шампионати во поголем број.

Нашите млади навистина имаат  капацитет да се борат за уште поголеми успеси на светско ниво. На натпреварите можеме да испратиме 9 учесници а поради финансиски причини испраќаме само еден до два претставника”, изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација еден од главните поддржувачи на натпреварот.

Македонија четврта година по ред испраќа свои претставници на MOS и ACA шампионатите благодарение на организаторот Certiadria. Според директорот на Cetiadria, Марко Серафимовски овој голем успех е мотив за повеќе млади да се пријават на овој натпревар наредната година.

„Честитки до сите ученици, студенти, ментори, наставници и професори кои земаа учество на македонскиот натпревар. Четиригодишниот труд конечно се исплатеше. Среќен сум што со напорна работа и многу труд успеавме да направиме историски успех, освојувајќи го второто место во Њујорк.

Сигурен сум во капацитетите што ги имаат нашите млади и во нивната желба за личен развој во дигиталниот свет и докажување на дигиталната писменост.

Овој настан сакам да го искористам и да ги повикам сите ученици и студенти на возраст од 13-22 години активно да се вклучат во натпреварите и да го докажат своето знаење.

Повик и до наставниците, професорите, менторите и родителите од цела Македонија, да ги поттикнуваат своите ученици и деца да се натпреваруваат со знаење и да го инвестираат и насочат своето време, труд и знаење кон нив. Благодарност до сите учесници и компании за досегашната поддршка и се гледаме на 5-от натпревар кој ќе започне во септември оваа година на државно ниво”, изјави Марко Серафимовски.

Ана Марија Атанасовска ученичка во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин, успеа да направи најголем успех за Македонија на ова натпреварување.

„Среќна сум и горда на успехот кој го направив за нашата држава и за мене. Успехот од Њујорк е успех за сите и нека претставува еден мотив во иднина за сите млади да земат учество на овој натпревар. Голема благодарност за мојата менторка, за Certiadria, за Семос Едукација, за Стопанска Банка АД Скопје, Град Скопје и за сите кои помогнаа да бидеме дел од овј натпревар”, изјави Ана Марија Атанасовска

Microsoft Office World Championship е најголемиот IT натпревар во светот и вклучува повеќе од 850.000 учесници од цел свет.

Ана Марија Атанасовска на крајот од мај беше избрана за национален претставник, по победата во финалето на државниот натпревар кој се одржа во Скопје, а на кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица.

Натпреварот за Microsoft Office Specialist во нашата држава се одржува веќе четврти пат по ред, додека за Adobe Certified Associate по вторпат.

Идејата на овие натпревари е да се поттикне дигиталната писменост меѓу младите. Организатори на националните натпревари се Certiadria а сите овогодишни настани се спонзорирани и потпомогнати од Стопанска банка, Град Скопје и Семос Едукација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МакеДокс“: Наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма ја доби документарниот филм „Затемнување“

Редакција

(Галерија) Македонката Елена Реи блесна во креациите на еден од најстарите и најдобри германски дизајнери Marc Cain

Редакција

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

Редакција