еМагазин
Image default
Македонија

Телма: Јанакиески барал, ама не добил амнестија од Иванов, па имал намера да бега

Во решението за притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, до кое дошла телевизјата Телма се цитира службена белешка во која пишува дека, преку посредник, Јанакиески барал од преседателот Ѓорге Иванов амнестија за сите лица против кои се водат постапки од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како последна шанса и спас од кривична одговорност и одлежување затворска казна.

Според Телма на посредникот на средбата кај Иванов му било пренесено дека преседателот нема намера да се меша во одлуките на судот и барањето за амнестија го одбил.

Во предлогот за притвор се наведува дека Јанакиески поседува банкарска сметка надвор од Република Македонија со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата.

Неименуваниот извор, кој посредувал меѓу Иванов и Јанакиески, тврди дека Јанакиески навел ако не добие помилување ќе избега, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески

СЈО: Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе победите, како што ние со УЧК победивме во Македонија: Ахмети ги бодри Украинците

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски

Редакција

Уставните измени се внатрешно парашање на Македонија, одговори МНР на барањата на Милков

Редакција