еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески, Димовски и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за изборни нерегуларности, „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ каде исто така е обвинет.

Во „Титаник“, покрај Јанакиески, обвинети се и поранешен премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и на кого му се суди во отсуство, како и Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка.

Досега пред судот се презентирани 2.000 од околу 5.900 материјални докази, предложени од СЈО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Кривичната против Трпески била заснована врз наоди на внатрешната контрола

Редакција

140 лица потпишале изјави за самоизолација, ако не се самоизолират кривично ќе одговарат

Редакција