еМагазин
Image default
Бизнис

Анализа: За директори на јавните претпријатија се поставуваат и лица со средно образование

Студијата за раководењето со јавните претпријатија „Кој тоа таму управува?“, изработена од Институтот за демократија, покажува дека, (од анализата на биографиите), дури 5% од управувачките структури се со средно образование.

„Тоа што загрижува е дека за директори и членови на надзорни одбори се појавуваат личности со средно образование што е во спротивност со законските критериуми, каде високото образование е задолжително.

Така, 2% од директорите и 7% од членовите на надзорните одбори се со средно образование. Образованието е јасен формален критериум за именување утврден во законската рамка. Исполнувањето на критериумот лесно се утврдува со преглед на дипломи, а различната интерпретација е прилично тешка“, се вели во студијата.

Анализирано според областа на образованието, се забележува дека правните и економските студии доминираат во управувачката структура.

По нив следат природнонаучните и технички студии, а на трето место се општествените науки.

Тоа што е интересно е дека во надзорните одбори, каде пред би требало да членуваат луѓе со правна и финансиска позадина, има 22% технички лица, 12% од општествени науки и 4% со студии од уметност или хуманистички науки.

Надзорните одбори имаат функција да го надгледуваат материјалното и финансиско работење на институциите. Оттука, се доведува под знак прашање колкав е капацитетот на надзорните
одбори соодветно да ги исполнуваат своите надлежности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на „Пари“: Лани четири техно маркети оствариле 138 милиони евра приход

Редакција

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 127% за време на корона-кризата

Редакција

Полициски претреси кај три правни лица во Дојран пo наводите за фалсификувани ковид-сертификати

Редакција