еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанчев: Смена на Мицкоски на транспарентен начин, би се кандидирал за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев во интервју во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 изјави дека има потенцијали за смена на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.

Не ја исклучува можноста да се кандидира за лидер на партијата ако има нареден конгрес и ако формира тим со кој добро би менаџирал.

„Од моја гледна точка, не е сјајно во партијата. Мое лично мислење е дека во ВМРО-ДПМНЕ не постои човек кој би направил пуч. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ или јас тоа би го побарале на транспарантен и отворен начин од Мицкоски. Има потенцијали за смена, кои можат да понудат своја програма, но нема човек што тоа би го направил зад грб. Јас мислам дека Мицкоски треба да одговори на писмото на Мијалков. Јас да сум лидер, би одговорил на сите прашања од писмото“, рече Јанчев.

Прашан дали се гледа како можен иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев одговори дека ако има нареден конгрес и формира тим со кој добро би менаџирал и доколку направи нов полиберален и подемократски партиски статут и понуди добра програма што би ги задоволило барањата на поголем дел од членството, тој би се кандидирал за прв човек на партијата.

Не очекува да биде повлечено неговото разрешување и да биде вратен на потпретседателското место во ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев демантираше дека учествувал во какви било убедувања или притисоци кон пратеници за да гласаат за пристапување кон измени на Уставот, согласно договорот за името со Грција.

„Не, од моја лична страна немало никакви убедувања, никакви притисоци, никаков контакт, ако имало таков дел јас не сум учествувал“, рече Јанчев.

Според него, лажна е теоријата дека некој сакал да направи пуч и да го смени претседателот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

За последните оставки во партијата, вели дека не верува дека луѓе како Даниела Рангелова и Лука Кржалоски работат по некоја директива.

Јанчев рече дека заканите кон него и за членови на неговото семејство започнале пред референдумот кога се изјаснил дека ќе гласа против. Заканите ги третира како политички притисоци.

„Ако земеме да анализираме, ќе видиме дека после моето интервју и произнесување на мојот став дека сум да се излезе и да гласа против договорот, од тогаш почнаа сите навреди, закани, преку СМС-пораки, преку фејсбук-профили…Мислам дека крајот е веќе дојден и дека ќе заврши тој процес. Ќе видиме и дека сите луѓе кои беа и се во ВМРО-ДПМНЕ и имаа сличен или различен став од оној што беше донесен на Извршниот комитет, добиваат речиси исти пораки или закани“, рече Јанчев.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рангелова: Раководни лица од ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок, Митко Јанчев затоа не се појави на телевизија

Митко Јанчев на Фејсбук: Мицкоски и Николовски да се извинат, во спротивно ќе ги тужам за клевета

Смртна закана кон сопругата го спречила Јанчев да гостува во телевизиска емисија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

Редакција

Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња, изјави Мицотакис

Редакција

Елзесер: Во Маврово се чувствувам како дома, овде има еден сосема друг Јохан

Силвана Жежова