еМагазин
Image default
Македонија

Јанчев за средбата со Заев: Ветивме поддршка против опструкциите за уставните измени

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на средбата со премиерот Зоран Заев во саботата на која бил и Никола Тодоров се разговарало за процесите и политичките случувања што се во тек и оти ветиле дека ќе помогнат во делот на уставните амандмани.

„Во саботата се сретнавме со премиерот Зоран Заев во еден струмички хотел на негово барање, да разговараме за процесите што се во тек и политичките случувања“, изјави денеска за телевизија „24“ Јанчев.

Јанчев тврди дека на средбата на која бил со Никола Тодоров воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков и оти тоа е процес кој го водат правосудните институции и во што тие не се мешаат.

„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на РМ, посочува Јанчев за телевизијата 24.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Заев загрижен за парламентарното мнозинство за уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Онишченко за македонското државјанство: Го добив легално, имам и компанија во Македонија. а планирам и нови инвестиции

Редакција

До крајов на неделава првични податоци од скринингот за имунитет на граѓаните во Скопје, скринингот во училиштата продолжува утре

Редакција

Најголем интерес за рефререндумот кај иселениците во Швајцарија и Словенија, заинтересирани и во Атина и Њу Делхи

Редакција