еМагазин
Image default
Бизнис

Анчевска: Желбата да бидам различна ме прави единствена и своја

Марина Анчевска, на јавноста и е позната како пионер кој успешно маневрира во непознатото и го трасира патот за НЛП (Neuro Linguistic Programing) како наука да стане препознатлива во Македонија и во целиот регион на Југо – Источна Европа (ЈИЕ). Минатата година повторно направи чекор напред и сега си единствениот официјално сертифициран НЛП Мастер тренер од страна на Американскиот Институт за НЛП (American Board of NLP) во ЈИЕ.

Што значи ова и како те прави поразлична од останатите НЛП тренери во нашиот регион?

– За да одговорам на прашањето, мора да се навратам на почетоците на НЛП-то. Основано е во раните 70-ти години од страна на Френк Пуцелик, Џон Гриндер и Ричард Бандлер. Се појавува како нус-производ од моделирање на однесувањето на тројца терапевти – Вирџинија Сатир (основач на Семејната терапија), Фриц Перлс (основач на Гешталт терапијата) и Милтон Ериксон (најпознат хипно-терапевт на сите времиња).

Со моделирање на нивното однесување, Гриндер и Бандлер дефинирале обрасци на размислување што го поттикнуваат успехот на субјектот. Двајцата развиваат теорија дека мозокот може да ги научи здравите обрасци и однесувања и дека тоа ќе предизвика позитивни физички и емоционални ефекти. Она што подоцна произлегува од нивната работа станува познато како Невро-Лингвистичко Програмирање (НЛП).

Подоцна, во тимот на Бендлер, Пуцелик и Гриндер се приклучуваат и други експерти, меѓу кои и Роберт Дилтс, Џудит Делозиер и Тод Епштајн кои го основаат НЛП Универзитетот во Санта Круз, Калифорнија.

Моментално постојат најразлични фракции и асоцијации на НЛП, но највисоките стандарди за квалитет и најголемиот придонес во еволуцијата и развојот на НЛП-то се дело на најстарата и најреномираната НЛП асоцијација ABNLP – American Board of NLP.

Таа акредитира и признава НЛП програми и тренери кои што се сертифицирани од признати НЛП центри како што се НЛП Универзитетот на Роберт Дилтс, каде јас го добив мојот сертификат за НЛП Мастер Тренер, како и НЛП Центарот на Тед Џејмс.

Друга значајна асоцијација, каде што Центарот за Бизнис Психологија исто така е прифатен како член е ANLP – The Association for NLP. Оваа асоцијација е независна и поддржува и други центри. Во Европа постојат и други НЛП асоцијации меѓутоа сите дејствуваат само локално, додека ABNLP и ANLP се светски признати.

Она што ме инспирираше да инвестирам и да ја добијам титулата „НЛП Мастер Тренер“ токму во НЛП Универзитетот во Калифорнија, а не во далеку поевтините центри во Европа, е затоа што само НЛП универзитетот во Санта Круз овозможува, но и ги обврзува учесниците, на 14 дневни обуки за доквалификација.

Програмата се одвива под лично водство на самите основачи, Роберт Дилтс и Џудит Делозиер. На крајот од тие 14 дена има тестирање и откако ќе го поминете тестот, ќе добиете сертификат за Мастер Тренер.

Дополнително, освен „тежината“ на сертификатот, она што овој универзитет го нуди како знаење исто така е уникатно, бидејќи само таму се работи на последната 4-та генерација НЛП, за разлика од останатите центри низ светот каде еволуцијата на НЛП-то најчесто е застаната во 3-тата фаза.

Значи постојат 4 генерации на НЛП. Во што се разликуваат?

– Првата генерација НЛП е водена од когнитивниот ум (Когнитивна интелигенција), од каде и произлегува терапевтскиот модел. Во втората генерација НЛП се проширува повеќе и во делот на бизнисот и се појавува модел на обуки кои што се насочени на интеракцијата помеѓу луѓето. Во третата генерација НЛП, веќе постои поимот „поле“ (во прва фаза – Релациска интелигенција).

Потоа, со интегрирање на ова „поле“ и со негово развивање, е создадена четвртата генерација НЛП, односно, постои „ние“ што се проширува, системска интелигенција. „Ние“ како заедница, „ние“ како дел од поширок систем, семејство, држава, континент, цела планета.

Воедно, за време на мастер тренингот во Санта Круз бевме запознаени со најновата 5-та генерација НЛП на која се работи во моментов и која е насочена кон развој и еволуција на колективната свест.

„Системскиот пристап е иднината во секоја форма на лидерство, лично или колективно.“
Марина Анчевска

Четвртата генерација ги обединува сите претходни и работи на човекот како целина, како битие кое е интерконекциски поврзано со останатите единки во системот. Дали ова го зголемува дијапазонот на вашето знаење и техники и Ви овозможува да работите на менување на цели организациски системи?

– Во четвртата генерација НЛП се појавува поимот дух, душа, не во религиозна смисла, туку како субјективно искуство, нешто што е надвор од нас. Квантната физика и кибернетиката, исто така, се занимаваат со оваа проблематика и го имаат докажано постоењето на системите и како од нив произлегуваат непредвидливи настани.

Она што мојата работа ја прави многу поразлична е токму системскиот пристап развиен во 4-тата генерација НЛП, со чии алатки и механизми може да се поттикнат промени во индивидуата, но и во организацискиот систем (семејство или компанија).

Со идентификување на динамиките во семејниот или во организацискиот систем, се менува фокусот од индивидуата кон поширокиот систем. Промената на фокусот кон поширокиот систем овозможува подобро разбирање како функционира индивидуата во системот, што резултира во развивање на самосвесноста и емоционалната интелигенција, како и развивање на колективна перцепција и системско лидерство.

Системскиот НЛП, кој што е уникатна спојка на НЛП техниките и системскиот коучинг и кој што се работи единствено во Центарот за Бизнис психологија кај нас во Македонија, претставува збир на моќни, практични и едноставни техники за подобар личен и професионален развој!

Истиот ги идентификува сите процеси на комуникација и однесување на личноста во системот, целокупната динамика која произлегува од семејните системи од каде доаѓаме и секако, влијае на нашето однесување, дејствување, мотивација и одлучување. Со примена на современите алатки на системскиот НЛП, промените се едноставни и многу полесни на индивидуално и на организациско ниво.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска Банка Битола ја зголеми добивката за 80,82% во првите девет месеци

Редакција

Турскиот театар од Скопје склучи договор со Универзал-Балкан вреден 3,7 милиони евра

Редакција

„Сава пензиско друштво“ лани со добивка од 1,3 милиони евра

Редакција