еМагазин
Image default
Интервју

Андоновски: Брзите потрошувачки и наменски кредити во „ИутеКредит“ се добиваат само со лична карта

„ИутеКредит“ ја отвори својата нова експозитура во центарот на Скопје на булевар Партизански одреди спорти Соборниот храм. Овде граѓаните ќе можат да аплицираат за добро познатата понуда на брзи потрошувачки и наменски кредити.

Маркетинг-менаџерот на „ИутеКредит“, Михаил Андоновски во интервју за „еМагазин“ вели дека овој тренд на финансиски услуги е во нагорна линија заради тоа што клиентите ги согледуваат бенефитите од ваков тип на услуги.

 Од кога сте присутни на пазарот?

-На пазарот сме присутни од 2017 година, инаку „ИутеКредит“ е финансиско друштво кое што опстојува веќе 10 години и е со седиште во Естонија, присутно во пет земји во регионот. Во Скопје имавме експозитура на улицата Даме Груев, а отворивме и во комплексот Парк резиденс во Градски парк. Новата експозитура е модрена со поголем капацитет која ќе може да опслужи поголем број на клиенти. Сето тоа е во насока на креирање на исклучително корисничко искуство кое е дел од мисијата на компанијата, да се овозможи најбрз и најповолен пристап до финансиски средства затоа што сме компанија која издава брзи потрошувачки и наменски кредити за физички лица.

Со измените на Законот за заштита на потрошувачи, вкупните трошоци на малите и брзи кредити се лимитираа на 52, 5 отсто. Како се прилагодивте?

-Од 8 април стапи на сила Законот за заштита на потрошувачи при земање  на потрошувачки кредити. Ние ги прилагодивме условите согласно законот и притоа овозможивме подостапни услови за клиентите. Ги коригиравме своите понуди, ги зголемивме износите за потрошувачки кредити, го зголеми бројот на рати и се е во насока на креирање на позитивно корисничко искуство и најповолни услови на пазарот.

Каков е интересот на граѓаните?

Овој тренд на финансиски услуги е во нагорна линија заради тоа што клиентите ги согледуваат бенефитите од ваков тип на услуги, пред се заради брзата услуга која што не може да ја добијат во други финансиски друштва, а тоа се минимум потребната документација за земање на кредит и времето потребно за исплата на тие пари кои легнуваат на сметката на клиентите. Се аплицира со лична карта и одобрувањето е речиси веднаш.

Дали ќе се ширите во другите градови?

Освен во Скопје присутни сме во Тетово и Куманово, но во текот на годинава планирано е отворање на експозитури во сите поголеми градови на Македонија.

Колкава е вашата позиционираност на пазарот?

Имајќи предвид дека сме релативно нова компанија која на пазарот е година ипол, сето ова е во рамките на очекуваното, во рамките на стратегијата на групациско и локално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворена нова ИутеКредит експозитура во центарот на Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хан за МИА: Добив уверување од Мицкоски дека нема да има бојкот на изборите

Редакција

Извршниот директор Давков открива детали за Ист Гејт Мол: Стартува со 220 продавници и 600 трговски марки

Редакција

Епидемиологот Микиќ во интервју за ПИНА: Ако не ги почитуваме мерките, ќе бидеме како во Италија

Редакција