еМагазин
Image default
Македонија

Јане Ченто се извини за инцидентот во ќелијата во Шутка

Притвореникот Јане Ченто во писмо до управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари признава дека погрешил и дека е виновен за инцидентот на 18 јануари годинава, кога при вонреден претрес на неговата келија предизвика тепачка откако му беше пронајден мобилен телефон што одбивал да го предаде, информираат од  Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Во писмото до директорот и вработените во затворот, Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постпката која е резултат на негово погрешно однесување, и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката, информираат од затворот.

Ченто во писмото, исто така, упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.

Од управата на затворот информираат дека ќе биде разгледано неговото барање и наскоро ќе го извести притвореникот за одлуката.

Јане Ченто е еден од обвинетите, кои се наоѓаат во притвор, за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27. април 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Чуварите во затворот Шутка физички се справувале со Јане Ченто

Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки војници ќе вежбаат на Криволак во рамки на „Balkan Warrior 23“

Редакција

Стефанова, Ајро, Пеливанов, ПоП Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија, нели се преговараше само за португалскиот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција