еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева на судењето за „Рекет“: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое го водев четири години, од тогашната опозиција доби 660 илјади фајлови со незаконски прибавени прислушувани материјали. Да знаете што јас се знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука, но јас никогаш не дозволив тие да излезат во јавност.

Се надевам дека тие фајлово се уште се во СЈО, изјави поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поранешната шефица на СЈО, Јанева кажа дека фајловите биле слушани по три часа на ден и сите материјали биле сработени.

– Согласно законот за СЈО, јавните обвинители имаа целосна слобода и независност во водењето на предметите и постапките, рече Јанева.

Нагласи дека таа не водела ниту еден од случаите, што биле отворени од СЈО и немала ниту еден предмет во нејзината канцеларија.

МИА/Фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Јанева на судењето за “Рекет“: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми

Редакција

Харли Дејвидсон, станови, возила за 7 денари по килограм: Каков конфискуван имот продава државата?

Редакција

Ограничени цените за огревно дрво и пелети

Редакција