еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дел ги има и СЈО: Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на Фејбук профилот „Ел Чека“, просочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени.

– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори, рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија што се одржува во Клубот на пратениците.

Јанева истакна дека информатичарите ги анализираат „бомбите“ од кои поголем дел се на албански јазик и треба да се преведат.

На прашање дали се работи за истите „бомби“ шти ги поседува Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Јанева рече дека дел од нив ги има. Додаде дека не може да гарантира дали бомбите се од СЈО затоа што во овој момент, како што рече, тоа се истражува.

МИА/Фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ел Чека“ не мирува, објави нови „бомби“ и повторно му се заканува на Заев

Обвинителство побарало од надлежните органи од САД, да го спречат објавувањето на „бомбите“ од „Ел Чека“

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел

Редакција

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Редакција

Само во Македонија: Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Редакција