еМагазин
Image default
Македонија

Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев, бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

– Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот, бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот, изјави Јанева.

Додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот.

– Поената на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков, а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев, истакна Јанева.

Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на паасошот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев барал времен пасош за да се едуцира, велат од судот

„Мислиш вест од Фчерашни е!!!“: Твитер реакции за Камчев, кој ги бодреше Вардарци во живо во Келн

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР регистрира 701 прекршок за неносење маски

Редакција

Најголем предизвик за Законот за употреба на јазиците ќе биде преведувањето

Редакција

Општина Куманово бара целосен карантин во градот

Редакција