еМагазин
Image default
Македонија

Јанева го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски од предметот „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со решение го одби барањето за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од предметот „Титаник 3“.

Судечкиот совет за барањето за иземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.

По барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов за изземање, претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните, согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Претходно, адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи со ставот дека тоа е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Карбинци пронајдени 15.500 стебла марихуана, вредни над 5 милиони евра

Редакција

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со изедначена политика во однос на тестовите

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција