Имам позитивни сигнали дека Законот за јавно обвинителство ќе биде донесен во најбрз можен рок и ќе видиме како Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи да работи, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на новинарски прашања.
– Меѓународната заедница дава јасни насоки, а и власта, освен опозицијата, која е лично засегната, истакна Јанева, додавајќи дека не може за законот да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и кое дава квалификации за СЈО и за нејзината личност.
– Тука мислам на Антонио Милошоски, кој многу се занесува во своите изјави, истакна Јанева.
МИА/Фејсбук/Милошоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитерџиите со куп препораки кои книги да ги прочита Катица Јанева
Милошоски: Катица Јанева да прочита некоја книга за да си го збогати вокабуларот