еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева до судијката на судењето за „Рекет“: Се надевам дека не се плашите од заканите на Рускоска за „тресење од гаќи“

Обвинетата поранешнаа специјална јавна обвинителка Катица Јанева на судењето за „Рекет“ рече дека не се чувствува за виновна и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа.

– Горда сум на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и тимот што го водев четири години. Горда сум на сите предмети што се отворија. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница, рече Јанева.

Одговорно тврдам, кажа таа, дека како СЈО постапувала согласно закон и се што направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации.

– Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик и се уште одам гордо и со крената глава. Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, изјави Јанева.

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска, кажа дека одбраната ќе докаже дека Јанева е невина и неосновано обвинета, злоупотребена со нечесни игри.

– Обвинителството нема ниту еден доказ. Ја товари Јанева дека наводно ги злоупотребила својата позиција и моќ, за што тврди дека го направила за остварување на лична корист, изјави Фрчковска.

Ќе докажеме дека Јанева не ги пречекорила своите овластувања во ниту еден момент.

-Таа имала право да го стори сето тоа, согласно својата проценка доколку тоа придонесе за решавање на случајот. Ќе докажеме дека Јанева сето тоа го направила за побрзо затворање на случајот, а не за остварување на лична корист, изјави Фрчковска.

Обвинителството го игнорира фактот дека Јанева имала право да даде свое мислење.

Претходно и првообвинетиот Бојан Јовановски се изјаснија дека не чувствува вина, додека Зоран Милески – Кичеец го призна делото за „Рекет“.

Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска на судењето за „Рекет“ на Јанева и кажа дека згрешила од алчност

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вработени во американската амбасада учеа како се прави ајвар

Редакција

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Редакција

(ВИДЕО) Игра со Заев нов хит, собирате вакцини, ако загубите добивате „мало сутра“

Редакција