еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор поради помагање во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска е прогласена за виновна за помагањето во извршување на убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино и доби затворска казна од 19 години.

Убиството на Пино го изврши Али Фуркан, кој е во бегство. Тој го убил Пино со пушка, а Ѓорѓиевска му помогнала на убиецот телото на жртвата да го внесат во кола и да го закопаат во дупка во атарот на скопското село Љуботен.

Овој случај ја разбранува јавноста, откако мајката на Пино во 2018 година апелираше да се помогне во негово пронаоѓање. Неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Фото: Фејсбук/Пино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загадениот воздух може да ги влоши симптомите на Ковид-19

Редакција

Утре ќе се знае судбината и на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

(Фото) Антонио Милошоски ќе ја носи “бомбата“ за Заев, Боки 13 и „Рекет„ кај Русковска

Редакција