еМагазин
Image default
Македонија

Јани Бојаџи: Татко ми се врати дома

Режисерот на филмот „Ругање со Христос“, чиј татко беше превиден на денот на премиерата на филмот во Скопје, на својот Фејсбук профил, информира дека неговиот татко се вратил дома:

“Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице! „Артефактот“ си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно Ви благодарам на сите за подршката кон мене и моето семејство. Не знам како да Ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој.

И уште една добра вест! Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип се согласи штипската премиера на филмот „Ругање со Христос“ да се одржи на 9 октомври, вторник, во 19.30 часот во големата сала.

Подготвуваме квалитетна проекција на слика и звук, и се разбира, како и во Скопје со присуство на актерите и екипата на филмот.

Браво за Штипјани. Ги повикувам и другите градови да го следат Штип. Директори, управи, одважете се, чувството е прекрасно, верувајте ми!“, напиша Бојаџи.

Фото: Фејсбук/Бојаџи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли судска забрана на „Ругање со Христа“ на Јани Бојаџи?

Ганка Цветанова: Апсењето на таткото на Бојаџи е типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства

„Ругање со Христос„ на Јани Бојаџи ќе се прикажува само во Штип, другите државни центри за култура немале термин

„Интересен тајминг“ за апсење на таткото на Јани Бојаџи

Погледнете го трејлерот: За Министерството за култура филмот „Ругање со Христос“ е скандалозен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

145 се реинфекции: 1.172 нови случаи на Ковид-19 од 4.021 тестирања

Редакција

Нема откажување, ќе бидеме и членка на ЕУ, вели за блокадата од Бугарија Османи

Редакција

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд: Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“

Редакција