еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Анима Мунди до општините поднесе предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ информираше дека во време кога проблемот со бездомните животни воопшто не е решен, ниту пак гледаат реален напредок затоа што измени во пристапот на решавање никакви нема (кучиња се трујат, дислоцираат, убиваат), а со цел да придонесат кон сеопфатно, хумано, ефикасно трајно  намалување на бројката на бездомни животни во Македонија, проблематика која законски потпаѓа под надлежност на општините, понудиле помош на ЕЛС во изработка на предлог Програмата за решавање на проблемот со бездомните животни – третман на бездомни кучиња.

„Мерките кои ги посочуваме во истата се усогласени со нашето законодавство и нудат трајно, економски исплатливо делување кое ќе  ја унапреди јавната безбедност и здравствената заштита на населението и ќе покаже успех во релативно кус рок, пред се ќе се стабилизира состојбата, воспостави контрола а понатаму и ќе се надмине проблемот, под услов да го регулираме и одговорното сопствеништво, т.е. спречиме приловот на нови и нови единки на улица. (како доказ служат бројни искуства и проценки на случаи).

Од причина што  ги имаме детектирано досегашните недостатоци на општинските програми, а воедно сме во тек со најуспешните практики на меѓународно ниво и препораките од Светската Здравствена Организација, ние изработивме Програма која може да се адаптира/надогради со спецификите на општините  и која нуди сет мерки за системско, сеопфатно и хумано третирање на проблемот“, информираат од Анима Мунди.

Од таму жалат што интерес за соработка од 81 постоечка општина имаа само неколку, пред се рурални општини  кои не контактираа (Желино, Босилово, Зелениково, Пласница) како и општините  Неготино, Битола и Кисела Вода.

Задоволство ни е што општина Пласница веќе ја усвои Програмата која им ја предложивме по што, можеме да тврдиме дека во моментот има најсеопфатната и најпрогресивна Програма за решавање со проблемот со бездомните животни во Република Македонија.

„Посочуваме дека оваа Програма е за третман на бездомните животни и сите оние кои ќе се затекнат слободни на територија на општината (пуштени да лутаат од неодговорни сопственици) .Понатаму сметаме дека е неопходно ЕЛС, во рамки на Одлуките за комунален ред да го дефинираат одговорното сопствеништво, и тоа е многу важен документ каде е потребно да се дефинираат  обврските на сопствениците на миленик затоа што неодговорните сопственици се причинител бр.1 за појава на нови бездомни кучиња“, се додава во соопштението.

Како основни мерки кои е потребно да се воведат во Одлуките ги предлагаат:

– обврска за евиденција/идентификација на сопствениците на миленици,

– востановување забрана за непречено размножување на милениците освен во услови на регистрирана одгледувачница и

– забрана за напуштање на милениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

Редакција

НЛБ Банка го заокружи Месецот на штедење: Прогласени победниците и доделени наградите за најдобрите

Редакција

Денеска се одржува „Конопфест 2019“: По изборите барање за декриминализација на канабисот

Редакција