еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Анима Мунди: Лишманијата не ја пренесуваат кучиња, туку мушички

Кучињата сами по себе никако не можат да бидат извор на болеста лишманија која се шири саму преку инсект (мушичка), за што е потребно градот да врши редовна дезинсекција. Болеста не се пренесува преку кучињата преку никаков контакт – допир, галење, играње, а ниту пак со угриз од животно, туку исклучиво преку мушички преносители и само со нивно сузбивање се сузбива ризикот по човечкото здравје, реагираат од здружението Анима Мунди по објавувањето на информацијата за жена која починала од оваа болест во Штип.

-Се обраќаме со цел да запре кревањето паника и страв во однос на бездомните кучиња и нивното поврзување со трагичната смрт на жена како последица од заболување со лишманија. Написите за масовна појава на лишманија и посочување дека истата се пренесува преку кучињата не е ништо друго освен лаги, сеење страв, паника и поттикнување на агресија, насилство кон животните, кое оди во прилог на нивно брутално и масовно убивање, се вели во соопштението од Анима Мунди.

Шпекулирањето во случаи кога се случува трагедија со смртни последици, велат оттаму, е повеќе од дегутантно и неприфатливо, а речиси сме сигурни дека општините ваквите несреќи ги искористуваат како повод за масовно убивање на животните што, потенцираат, нема да дозволат да се случи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една жена почина, а три лица се болни од лишманиоза во Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Редакција

73,9% од лицата кои починале од Ковид-19 имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

По долго и тешко боледување почина бизнисменот Адем Кочан

Редакција