еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Анима мунди“: Пострашно од судбината на коњите во Македонија е да се соочуваш и бориш против институционалната зачмаеност

Вчера кобила во Велес умира на улица, спасена само благодарение на активистите од Гласот за животните во Велес, кои не го одминаа животното кое скапувало само на дожд, едвај кревало глава од асвалтот барајќи да му се помогне. Завчера коњ колабираше од немоќ, претоварен, преслаб, на една од најфреквентните раскрсници кај Мавровка. Очигледно успеале да го кренат од земја со клоци и тупаници, набргу коњот го снема.

Пострашно од судбината на коњите во Македонија е да се соочуваш и бориш со зачмаеноста и рамнодушноста на институциите на кои не им доаѓа ни помисла да сторат нешто и го спречат ова страдање, реагираат од „Анима мунди“.

„Дури и кога законски можат, тие не можат да превземат ништо. Пред 2 недели се боревме за спас на коњ од Струмица, млад претоварен коњ кој не можејќи да ја балансира тежината на приколката која ја влечел во надолница, удри во автобус во движење. Автобусот превезуваше деца на екскурзија, а возачот превенираше поголема трагедија.

Трагедијата остана ексклузивно резервирана за коњот – цел во крвишта, во болка, страв, рани, со копито откинато од несреќата лежеше покрај автобусот, без било кој да му помогне. Полиција за несреќата, инспектори да евидентираат случка. Ниту еден да му помогне на жовотно кое е во агонија и кое умира. Бел коњ облеан во крвишта, бревта пред нив и умира. Невидлив за сите.

Трагедии се случуваат, но мизеријата започнува тука. Пративме ветеринар кој укажа итна помош, го крена, стабилизира и побаравме веднаш од АХВ коњот да ни биде даден, за да го лекуваме и спасиме. Ветеринарот ни кажа не е животно загрозен, но повеќе не може да носи и влече товар.

Хумани граѓани има, се мобилизира секој кој може да помогне, една девојка понуди и вдомување. Веднаш се пријавивме во АХВ и баравме да биде одземен и да ни биде дадена можност да го земеме ние затоа што е злоупотребено, преработено животно кое повеќе нема употребна вредност, кое го третираме и сакаме да го вдомиме.

Затоа што е нивна обврска да се провери и гарантира благосостојба на животно и капацитетот на „сопствениког’ да укаже помош. Затоа што знаеме како завршуваат овие животни, тепани, фрлени како партал, заклани во кланица. Им пративме видеа да го видат животното, укажавме што ќе се случи. Комуникацијата ја имаме на писмено.

По неколку куси реда бирократски образложенија без намера да се стори нешто конкретно и помогне, по не добиен писмен одговор од АХВ што конкретно превземале за коњот, вчера дознавме дека коњот е мртов.

Ние уште еднаш ја доставуваме нашата Иницијатива за спас на коњите и понудените решенија со кои ќе се заштитат животните и зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќај.

Не ли се превземат итни мерки за спас на коњите во Македонија, поточно забрани нивната злоупотреба по улиците и покаже јасна институционална намера за нивно згрижување и помош во најкус рок, ќе има протести во Скопје и другите градови“, се вели во реакцијата на „Анима мунди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Автобус полн со деца за на екскурзија удри коњ во Струмичко

Фото: Анима мунди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комеморација за Беличанец во Драмски театар

Редакција

(Фото) Одбележани 76 години од депортацијата на македонските Евреи со нова поставка во Меморијалниот центар на холокаустот

Редакција

Топлото време сепак влијае на намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Редакција