еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: Заев со поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Најголема доверба меѓу граѓаните од 16,5 проценти ужива премиерот Зоран Заев, пред лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кому му веруваат 14,2 отсто од испитаниците, покажува најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во пресрет на вонредните парламентарни избори што треба да се одржат во април 2020 година.

По нив следуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети со рејтинг од 6,9 проценти и претседателот на државата, Стево Пендаровски, во кого најголема доверба имаат 4,2 отсто од анкетираните.

На министерот за надворешни работи Никола Димитров и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села најмногу им веруваат по 2,3 проценти од испитаниците, а сите останати политичари имаат рејтинг помал од еден отсто.

Дури 41,3 отсто од испитаниците рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар, 5,5 проценти одбиле да одговорат на ова прашање, а три отсто одговориле со не знам.

Анализирано по етничка основа, Македонците најголема доверба имаат во Мицкоски (19,3 проценти), по што следува премиерот Заев за кого се изјасниле 17 отсто од анкетираните припадници на оваа националност.

Меѓу, Албанците, најголем рејтинг има Ахмети (31,8 проценти), пред Заев (13,7 отсто) и лидерот на Алијанса за Албанците, Села (10,4 проценти).

Дури 45,5 отсто од Македонците сметаат дека ниту еден политичар не ја заслужува нивната доверба, додека со ваков став се 23,4 проценти од етничките Албанци.

Мнозинство од испитаниците или 64,5 отсто одговориле дека сегашната Влада не ги исполнила нивните очекувања, при што 53,9 проценти од нив сметаат дека таа не заслужува да биде реизбрана во април, но од друга страна 58,7 отсто сметаат дека ни опозициската ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да ја води следната Влада.

Податоците за истражувањето биле прибирани со теренска анкета во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, а ја спровела агенцијата „М-проспект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ во благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Битола на неделно ниво бројот на лица со Ковид-19 почна да расте за 50%

Редакција

47-годишен вработен во битолскиот затвор починал од Ковид-19, заразени и 16 осуденици

Редакција

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на 16 февруари

Редакција