еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на „Рејтинг“: Ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата

Мнозинство граѓани сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев би бил подобар иден премиер од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува најновото испитување на јавното мислење на агенцијата „Рејтинг“.

Според анкетираните, најважниот проблем со кој моментално се соочува земјава се ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. На четврто место следат високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.

Вкупно 30 отсто од испитаниците одговориле дека со тој проблем подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а 26 отсто рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето: „Кој потег, активност или мерка преземена од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години го сметате за најпозитивен?“, предничат покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

Во следниот сет на прашања агенцијата ја мерела перцепцијата на граѓаните за тоа дали Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава.

– Граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за четири проценти повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството.

Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност. Она што треба да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок, односно дури 44 отсто од анкетираните се изјасниле вака, оценуват од „Рејтинг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски го повика, Заев го прифати предизвикот за да се соочат на ТВ-дуел

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 нуди 143 илјади евра гаранција во имот за поблага казна од притвор

Редакција

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Повеќе мажи, тројца имаат претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција