еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Рејтинг: За Пендаровски 38,3 за Силјановска 33,2, за Река 12,6 %

Кандидатот за претседател, поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, би добил најмногу гласови на претседателските избори – 38,3 отсто, доколку утре се одржи гласањето, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14. април, врз репрезентативен примерок со кој биле опфатени 1.112 испитаници.

За кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова се определиле 33,2 отсто, а за кандидатот, поддржан од албанската опозиција Блерим Река, 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат.

Според резултатите од испитувањето, 42,9 отсто сметаат дека претседателските избори се мошне важни за иднината на земјата, 29,4 отсто сметаат дека се прилично важни, 14,9 отсто дека не се ниту важни, ниту неважни, 3,3 отсто дека се прилично неважни, 6,6 отсто дека не се воопшто важни, а 2,8 проценти не знаат или не дале одговор.

Редовно кампањата ја следат 20,7 отсто од испитаниците, често ја следат 25,2 отсто, понекогаш 25,4 отсто, ретко 19,3 отсто, никогаш девет отсто.

Најголем дел од испитаниците за кампањата се информираат од телевизиите – 58,8 отсто, 20,1 отсто од социјалните мрежи, 7,5 отсто од интернет порталите, агрегаторите, 1,3 отсто од радио, 0,2 отсто од печатот, 4,1 отсто од разговори со пријатели, а 8,1 отсто не ја следат.

На прашањето за кој од кандидатите за претседател би кажале дека води според два критериуми – најдобра кампања и најпозитивна кампања резултатите покажуваат дека 30,8 отсто сметаат дека Пендаровски има најдобра кампања, а 31,8 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

Дваесет и шест отсто сметаат дека Силјановска Давкова има најдобра кампања, а 27,4 осто дека има најпозитивна кампања, додека 10,1 отсто сметаат дека Блерим Река има најдобра кампања, а 10,4 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС и Телма: За Пендаровски со 27,2, за Силјановска 23,5, за Река 11%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса засега нема да поднесе инцијатива за интерпелација на Груби

Редакција

Избран нов шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар и на пет основни јавни обвинителства

Редакција

Технички причини го одложија сведочењето на загрозениот сведок за насилството во Собрание

Редакција