еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма и МЦМС: Ако Заев се кандидира за претседател, има најголеми шанси да победи

Анкетата на телевизија Телма и МЦМС, покажува дека претстојните претседателски избори ќе бидат длабоко вкопани во партиските ровови, со мали изгледи за консензуален кандидат, при што 12,4% од граѓаните за иден претседател би му дале доверба на актуелниот премиер Зоран Заев, а веднаш по него на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Никола Димитров со по 8,2% поддршка.

Анкетата е спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници.

Веднаш зад нив на листата се Стево Пендаровски со 6,8 проценти, и Бујар Османи со 6,5, и поранешниот кандидат за претседател Имер Селмани со 5,8%.

Сепак не се за занемарување речиси 19% од граѓаните кои идниот претседател не го гледаат во ниту еден од понудените кандидати, како и 15% кои се уште не одлучиле.

Анкетата покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците.

Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски.

Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци.

Сепак доколку партиите на Албанците излезат со свој кандидат мнозинството од гласови ќе остане тој кампус, при што прв е Бујар Османи би добил 22,7% поддршка, а веднаш зад него е Имер Селмани со 20,8. Далеку на трето место е Теута Арифи – 12,3 %.

Во македонскиот политички блок голема е подвоеноста. Приврзаниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не би гласале за кандидат од спротивниот табор. Интересно е и тоа што испитувањето покажа висок процент на неодлучност кај поддржувачите на ВМРО–ДПМНЕ.

Доколку со претседателските се одржат и парламентарни избори резултатите покажаа дека СДСМ би освоило 26,9% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би добило 21,6 проценти. Поддршката за ДУИ би била – 7,4%, Алијансата 3,1%, БЕСА – 2,5.

Висок е процентот на оние кои нема да гласаат, вкупно 35,7%.

Она што граѓаните го бараат од идниот претседател, изразено во проценти изгледа вака. На врвот со 25% е чесноста, потоа чувство за договорност – 17,3, по што следат толеранцијата, решителноста, храброста, подготвеноста за политички дијалог, патриотизам.

За тоа на кој начин треба да се бира претседателот 80% сметаат дека тоа треба да биде како и досега, на избори, а само 13,8%, се на став дека треба да се бира во Собрание.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три сценарија за претседателските избори

Кој ќе седне во претседателската фотелја на претседателот Иванов?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство 

Редакција

Во последните три дена, нови 80 случаи на Ковид-19, оздравени 118, двајца починати

Редакција

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд: Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“

Редакција