еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не сакаат ни амнестија за упадот во Собрание, ни избори

Мнозинството од граѓаните не сакаат амнестија за упадот во Собранието од 27. април, покажа најновата анкета на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.

На прашањето, дали сметате дека е потребна амнестија за политичко помирување во земјава, 66,9 насто од анкетираните рекле не е потребна амнестија, туку спроведување на правдата.

Дека амнестијата ќе донесе политичко помирување сметаат 24,8 насто од граѓаните.

Останатите одговориле со „не знам“, или одбиле да дадат одговор.

Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинство од речиси 59 проценти, сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата, додека 33,5 насто сметаат дека се решение.

Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на Телма и МЦМС: Македонските граѓани немаат доверба во ниту еден политичар

Анкета на Телма и МЦМС: СДСМ најпопуларна кај Албанците, ВМРО ДПМНЕ кај Македонците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Редакција

Апел до матичните лекари за да се откријат што поголем број на дарители на крвна плазма, за лекување на пациентите со корона вирусот

Редакција