еМагазин
Image default
Македонија

Анкета: Пендаровски и Силјановска во „тесна трка“

Ако утре се одржат претседателски избори, 25 отсто од граѓаните би се изјасниле за Стево Пендаровски, 22,4 проценти за Гордана Силјановска, 10,9 отсто за Блерим Река, а 17,9 отсто не би поддржале ниту еден од овие кандидати, покажува анкетата спроведена од М-проспект за ТВ Телма.

Од анкетираните, вкупно 18,3 отсто сé уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат.

На прашањето „За кој кандидат ќе гласате на претседателските избори“, анкетата покажува различни резултати зависно од националната припадност.

Вкупно 26,1 отсто од македонските испитаници се за Стево Пендаровски, 32,2 процента за Гордана Силјановска, а 0,9 се за Блерим Река, додека испитаниците од албанска националност, со 15,2 отсто го поддржуваат Пендаровски, 0,4 се за Силјановска, а 41,4 се за Блерим Река.

Согласно проекциите за вториот круг, ако во трка се Пендаровски и Силјановска, 32,4 отсто од гласачите би го поддржале кандидатот на СДСМ, а 26,2 процента би биле за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Редакција

Ковачевски со Османи и Маричиќ денеска на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел

Редакција

Убава вест: 211 оздравени од Ковид-19

Редакција