еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи.

Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали се сретнала со Сашо Мијалков оти во „бомбите” од 29 јануари 2013 година кои биле пуштани во судот тој и рекол дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација.

Фетаи ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација. Јанкуловска, пак, рече дека таа држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.

Обвинителката Фетаи ја праша дали се сеќава дека разговарала за политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, Јанкуловска рече дека таа имала повеќе разговори и дека се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.

На прашање дали имало инфо пред настанот дека нешто ќе се случи, таа рече дека немала никаква информација.

Пред судот денеска треба да сведочат и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Љупчо Тодоровски и Синиша Алексовски, советник во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „прегреја“: „На крај ќе се земат Сашо и Фатиме?#lovestory“

Редакција

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Редакција

Ниту Содома, ниту Гомора по првата „Парада на гордоста“

Редакција