еМагазин
Image default
Македонија

Јанкулоска вели дека ги почитува мерките на претпазливост и не очекува притвор

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека не очекува мерките за претпазливост што и ги изрече судот да бидат преиначени во притвор.

– Јас имам определено мерки за претпазливост, ги почитувам и не постои никаква причина да бидат преиначени, рече Јанкулоска пред денешното рочиште за предметот „Титаник“, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува да и биде изречена мерка притвор како на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Јанкулоска, Јанакиески и Божиновски се меѓу обвинетите за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, за злосторничко здружување и изборни нерегуларности. Обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил.

Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно, бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот попладне тој се бара и со потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Фон дер Лајен твитна оти сме имале посебен идентитет, не напиша каков

Редакција

Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција