еМагазин
Image default
Македонија

Јанкулоска за Груевски: Бегството не може да биде решение на кој било проблем

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во гостување за емисијата „Отворено студио 1„ на 1ТВ, коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека тоа не може да биде решение на кој било проблем.

„Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била планирана. Не можам да се согласам со ниту еден сегмент со таа постапка што е направена„, рече Јанкулоска.

Таа додаде дека во овие околности нејзиниот впечаток за таквата одлука е разочарувачка и дека не може со ништо да се аргументира таков потег.

„Според вредностите во кои јас верувам таквата постапка заслужува само осуда“, рече Јанкулоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска: Не сакав да го скријам убиството на Мартин Нешковски, реков „Не можеш да скриеш убиство“

Груевски ги остави на цедило Јанакиески, Божиновски, Јанкулоска…

Фото: Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дедо Стефан го крштевал синот на лажниот принц Чернетиќ

Редакција

Јани Бојаџи: Татко ми се врати дома

Редакција

Судијата нареди Трајковски присилно да биде донесен во Судот, судењето за ТНТ продолжува утре

Редакција