еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“

Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните можни несакани ефекти.

Трудот посочува дека самите лекови (и тоа од оние што се најкористени) може да предизвикаат „отапеност“ на емоциите кај човек.

-Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка кај луѓето со депресија, но за жал, се чини, отстрануваат и дел од убавите чувства. Овие наоди би можеле да им помогнат на пациентите да направат поинформиран избор на лекови.

Но, од друга страна, нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти, појаснува професорката Барбара Сахакијан од Универзитетот Кембриџ, една од авторите на студијата.

Истражувањето, објавено во списанието „Невропсихофармакологија“ (Neuropsychopharmacology), било спроведено на 66 доброволци во текот на три седмици. Тоа покажа дека „отапувањето“ на емоциите може да биде една несакана последица од лековите против депресија.

Според Националната здравствена служба, на повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија им бил препишан антидепресив во текот на 2021/2022 година.

Сахакијан вели дека овие наоди би можеле да бидат корисни за пациентите, како и за третирањето и на посериозни болести.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ѓорге Давид кој прегази жена кај Табановце, која почина, не смее да ја напушти Македонија: Српскиот музичар топ тема во регионот

Редакција

Девојката од Велес која вчера беше пријавена за исчезната пронајдена жива падната во провалија

Редакција

Активисти тврдат дека уличните кучиња во Битола се заловуваат под изговор дека се опасност за ширење на корона вирусот

Редакција