еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска комисија ќе поведе прекршочни и кривични постапки против повеќе директори

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) најави дека ќе започне прекршочна постапка за неподнесување анкетни листови по изборот на функција против Васко Ковачевски, директор на РЕК Битола, Ѓоко Ташев, в.д. директор на ХЕЦ Тиквеш Кавадарци, Ѓорѓи Божиновски, в.д. директор на ХЕЦ Маврово од Гостивар, Златко Пиперковски, в.д. директор на РЕК Осломеј, Марин Даскалов, в.д. директор на ХЕЦ Треска Скопје, Стево Поповски, в.д. директор на Енергетика Скопје и Керим Халили, директор на РЕК Осломеј.

ДКСК ќе бара и од Министерството за здравство разрешување на директорката на ЈЗУ Стоматологија поради прекршувањата направени во однос на некои вработувања.

Антикорупциска ќе покрене иницијатива за постапка за сторено кривично дело и за в.д. директор на Здравствениот дом во Битола, поради законски прекршувања при вработувања на медицински сестри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска бара кривична одговорност од градоначалникот на Сарај, Беџети за платформата на Матка

Отворени три нови случаи: Антикорупционерите ќе ја следат имотната состојба на Штерјов, Василевски и Алили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот „Фавира“ за лечење на Ковид-19 ќе биде достапен и кај нас: Да не се користи на своја рака, туку по препорака на лекар

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Редакција

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Редакција