еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска комисија иницира постапка за експретседателот на Кривичен суд Панчевски за вработување на неговиот внук

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена должност и овластување за службени и одговорни лица и за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје, кои учествувале во постапка за вработување.

Имено, како што појаснија од ДКСК, Јордан Тасевски, внук на Панчевски, е примен на работното место помалад судски соработник, иако воопшти не бил пријавен односно меѓу пријавените 155 кандидати.

„Панчевски ги надминува неговите надлежности. Тоа е незаконско постапување. Не е во прашање повеќе непотизам, туку злоупотреба на службена должност“, изјави Катица Николовска, член на ДКСК, која го образложи предметот.

МИА/Фото: Академик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори уште еден предмет за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска

Антикорупциска ќе ги испитува патните трошоци на пратениците

Антикорупциска ќе испитува како поранешните претседатели Иванов и Црвенковски ги избрале канцелариите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КОД: Поранешни обвинители на СЈО осомничени за „злосторничко здружување“ заедно со Сеад Кочан

Редакција

Спасовски ја презеде министерската функција во МВР од Нухиу

Редакција

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени авионски во четврток и најдоцна до петок ќе бидат предадени на семејствата

Редакција