еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска: Нефи Усеини како член на Советот не може да конкурира на тендер на Општина Охрид

Фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на Совет, реагираат од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со објавениот тендер од страна на Општина Охрид за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид.

Меѓу двете фирми кои доставиле понуди на тендерот е и фирмата во сопственост на членот на советот на Општина Охрид, Усеини, кој е сопственик и на пицеријата – дивоградба кај Чинарот, во заштитетната зона од УНЕСКО во Охрид.

„Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, се вели во соопштението на ДКСК.

Тие го наведуваат член 51 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со кој е предвидено:

„Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две куќи, стан, три автомобили, земјиште: Каков имот пријавил Нефи Усеини, чија пицерија во Охрид стана топ тема

(ВИДЕО) Мерко за сечењето на лента на пицеријата која е дивоградба: Кај биле властите да реагираат?

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Фото: Фејбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Редакција

Спасовски: Груевски не му побегна на МВР

Редакција

Пандемијата Ковид-19, топ тема во читаностa на „еМагазин“ изминатава година

Редакција