еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска нема покренато постапка пред Управниот суд за указите на Иванов

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема покренато постапка пред Управен суд за именувањата односно указите направени од страна на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов за време на изборниот процес. Кабинетот на поранешниот претседател поднесе тужба за ДКСК пред Управниот суд. Доколку тој суд не е надлежен требаше да го отфрли предметот.

Ова денеска го изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска одговарајќи на новинарско прашање зошто Антикорупциската комисија покренала управна постапка за указите на поранешниот претседател Иванов и дали заради тоа ќе поднесе оставка од морални причини или ДКСК ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд.

Таа појасни дека ДКСК констатирала оти претседателот Иванов за време на изборниот процес го прекршил Изборниот законик и извршил именување, а за таа дејност во Изборниот закон е пропишана прекршочна казна. Донесовме одлука, подвлече Ивановска, дека претседателот на државата согласно со  Изборниот законик треба да плати за таа прекршочна постапка.

Управниот суд, истакна Ивановска, ја известил ДКСК за тужбата поднесена од поранешен претседател, на што од Антикорупција, како што рече, дале одговор зошто донеле таква одлука. Одлуката на ДКСК била отфрлена од страна на Управниот суд затоа што, како што појасни претседателката на Антикорупција, во ДКСК не го повикале Иванов да дојде да се изјасни и за други формални причини.

– Затоа одиме понатаму на Вишиот Управен суд. Тој предмет ДКСК го има отворено по сопствена иницијатива, ние немавме обврска таа одлука да ја доставуваме до поранешниот претседателот Иванов, изјави Ивановска, на денешната презентација од Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ на првиот квартален извештај за следењето на работата и постигнувањата на Антикорупциската комисија, со оценка за ефикасноста и транспарентноста.

Инаку, ДКСК има поднесено иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на законот за поранешен претседател, од аспект на тоа дали бенефициите на поранешните претседатели на државата треба да се уредуваат со закон имајќи предвид дека претседател на држава е уставна категорија.

Ивановска информира дека ќе побараат да се раскинат договорите на поранешните претседатели, и на Бранко Црвенковски и на Ѓорге Иванов, затоа што, потенцира, во законот стои дека треба да им се обезбеди канцелариски простор, а не државата да плаќа закуп за тој канцелариски простор.

– Сметам  дака може да им се обезбеди канцелариски простор во државна сопственост и тие ќе можат и понатаму да функционираат, а притоа државата ќе заштеди околу 60 илјади евра годишно, рече претседателката на Антикорупција.

До Собранието иницијативата од ДКСК ќе се однесува на временско ограничување на привилегиите на пратениците.

МИА/Фото: Кабинет на Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски за набавката на софтверите

Редакција

Во ДУИ вознемирени од назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Редакција

За Петков посетата на Македонија била огромен успех

Редакција