еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска отвори уште еден предмет за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска

На денешната отворена седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од Комисијата информираа дека е отворен уште еден уште еден предмет за в. д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска.

Прекршочната пријава за Пановска е затоа што иако имала обврска досега четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи и се продолжувал мандатот вршител на должност, тоа не го сторила.

Од Комисијата информираа дека Пановска на 19. мај 2019 поднела четири анкетни листови за состојбата со нејзиниот имот, иако за прв пат била поставена за в. д. директор на Клиниката на 4. август 2017.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Антикорупциска комисија иницира постапка за експретседателот на Кривичен суд Панчевски за вработување на неговиот внук

Антикорупциска ќе ги испитува патните трошоци на пратениците

Антикорупциска ќе испитува како поранешните претседатели Иванов и Црвенковски ги избрале канцелариите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за „Трезор“ на 13 април

Редакција

Петков во бугарското Собрание повтори дека нема Македонци во Бугарија: ОМО Илинден е провокација за Ковачевски

Редакција

Вакцината против Ковид-19 се очекува во Македонија во првите месеци од 2021 година

Редакција