еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска: Заев не може да биде премиер и министер за финансии

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, доколку премиерот Зоран Заев би бил избран за министер за финансии, се вели во указот од ДКСК испратен до Собранието.

Во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, ДКСК укажува дека согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“

Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и

„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Каков имот пријавил Зоран Заев, новиот министер за финансии

„Ало бе што беше бруто, нето?!“: Твитер реакции оти Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца штипски здравствени работници позитивни на корона вирусот

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Позитивни на корона вирусот девет лица вработени во градинките во Кочани

Редакција