еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

По оставката на пратеникот Павле Богоевски, што секако е за поздравување, бидејќи покажа доблест и ја прифати одговорноста по случајот со набавката на недозволени супстанци се наметнува прашањето колку нашите политичари се подготвени да го следат неговиот чекор.

Доколку се ѕирне во историјата може лесно да се заклучи дека оставките се вистинска реткост во македонската политика.

Прв политичар на висока функција кој поднесе оставка заради чувство на одговорност е поранешниот министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, Антони Пешев.

Тој во ноември 1993 година по две авионски несреќи кои се случија во март 1993 во Охрид и ноември 1993 во Скопје неотповикливо ја напушти функцијата.

Хари Костов во 2004 година поднесе оставката од функцијата претседател на македонската влада до Парламентот.

„Во владата не постои волја за тимска работа и за економскиот развој како приоритет. Процесите на хармонизација со законодавството на Унијата се закочени и може да ги блокираат евроатланските процеси“, изјави тогаш Костов.

Во обраќањето до јавноста Костов тогаш директно атакуваше врз коалициониот партнер ДУИ, за кого рече дека исклучиво инсистира на рамковниот договор и националните приоритети на Албанците. Костов ги обвини ДУИ и дел од министрите за растечка корупција и непотизам. По неговата оставка премиер стана Владо Бучковски.

Во историјата имало и неколку понуди за оставки какви што се онаа на Љубомир Фрчковски кој како министер за внатрешни работи понуди оставка по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, како и на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој понуди оставка по давењето на бугарските туристи во Охридското Езеро. Нивните оставки од различни причини не беа прифатени.

Оставките поради чувство на одговорност се вистинска реткост иако времето покажало дека премиери, министри, пратеници и директори биле учесници во тешки криминали, а нивното несовесно работење довело до милионски штети и загуба на човечки животи.

Можеме само да се надеваме дека оставката на Богоевски ќе биде пресвртница и дека притисокот на јавноста врз функционерите во иднина ќе биде толку голем што оставките ќе станат неизбежна практика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка: „Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мој последен“

Твитер „поцрвене“: „Павле повлече нога, ајде да ви се множат оставките! Кој е следен?“

Фото: Фејсбук/Богоевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата најави поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи

Редакција

(Фото) Како изгледа опожареното место околу езерото Младост од авион

Редакција

Од сабота во пораст дневната температура

Редакција