еМагазин
Image default
Македонија

Антонио Милошоски ќе гласа за Влатко Ѓорчев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за чие име исто така се шпекулираше во јавноста како можен кандидат за претседател на државата, на својот Фејсбук профил соопшти дека на престојната Конвенција во Струга, ќе му даде подршка на колегата Влатко Ѓорчев.

“Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за мотивираноста и како делегат на Конвенцијата во Струга ќе ја има мојата целосна поддршка.

Најбитното за ваквата поддршка е тоа што со Ѓорчев споделуваме блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Република Македонија (втемелени на македонско-американското стратешко партнерство што го потпишав во 2008 година, стратешкото партнерство со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа).

Го ценам тоа што Влатко Ѓорчев како личност цврсто се залага за промоција на семејните вредности како темелна основа во општеството, а како пратеник одлично знае што значи да се биде непосредно избран од граѓаните, како темелна вредност во демократијата.

Негласањето на незаконскиот референдум, каде мнозинството Македонци јасно беа против октроираниот проект на Заев за менување на уставното име на Македонија, беше правилен став и на Влатко Ѓорчев, но и став на најголемиот број на гласачи во цела држава.

Од 2006та наваму Ѓорчев успешно го потврдува неговиот изборен легитимитет, а довербата од гласачите со победнички резултат ја има потврдено како во третата, така и во шестата изборна единица.

Како секретар за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев има стекнато значајно искуство и ценам дека достоинствено го следи примерот на Борис Трајковски, кој го постави колосекот на партиските меѓународни контакти пред да биде избран за претседател на државата.

Убеден сум дека Владимир Ѓорчев има потенцијал да ја добие поддршката на најголемиот број на делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 16ти февруари во Струга. Со среќа и со успех!“, напиша Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ќе бидат другите кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ?

Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата

Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Референдум за името: Гласа дијаспората, затворениците, болните и изнемоштените лица

Редакција

Судот пак „ќе го бара“ Никола Груевски: Каде е екс-премиерот?

Редакција

Намалување од 20,1%: Минатата недела 3.808 нови случаи на Ковид-19

Редакција