еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанушев: За првпат во Македонија и во Европа се бара замрзнување имот на опозициска партија

Партиското, непрофесионално и селективно специјално јавно обвинителство еден месец после референдумскиот дебакл на Заев и СДСМ, побара да биде замрзнат целокупниот имот на партијата, а судиите Весна Димишкова и Седат Реџепагиќ, без никаква основа веднаш скокнаа да помогнат и да донесат позитивна одлука по барањето на СЈО.

Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„За прв пат во историјата на Република Македонија, но и за прв пат на европско тло се бара замрзнување на имот на политичка партија која што е во опозиција.

Ова е демократијата и демократските принципи за кои што се залагаат Заев и СДСМ! Принципи со кои што однародената власт се обидува да го умртви секое поинакво размислување и да забрани секакво политичко делување кое се разликува и кое не се согласува со антидржавните политики на Заев и СДСМ.

Ќе повторам, вакво нешто не се случувало, ниту се случува во Европа кон која се стремиме.

Барањето на СЈО и Одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација. Барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани.

Повредени се и протоколите и праксата на Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за заштита на човекови права“, рече Јанушев.

Тој вели дека не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО.

„Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката, и оттука очигледно е дека единствената намера на инспираторите на ова сценарио е политички прогон со кој на партијата и се причинува штета и да се наруши можноста за нормално извршување на дејноста на политичката партијата.

Со ваквата одлука на судот незаконски се задира во правата на лица кои не се осомничени и во јавноста се испраќа порака на заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со политиките на Заев.

Понатаму, во рамки на барањето и на одлуката не е приложен ниту еден доказ, потенцирам ниту еден доказ со кој може да се извлече било каква корелација со изречената мерка. Со тоа свесно и намерно се повредува правото на слободно располагање на сопственоста, заштитено со домашни и меѓународни акти.

Индикативно во целиот овој атак врз ВМРО-ДПМНЕ е тоа што по вакво барање Апелацискиот суд од Скопје веќе има одлучувано и тогаш го има отфрлено истото барање.

Исто така индикативно во целиот овој атак врз ВМРО-ДПМНЕ е што одговорноста не ја презел само еден судија, туку таа е поделена на двајца, што е спротивно и на Законот за кривична постапка“, “, додаде Јанушев.

Тој доаде дека, како што рече, од авион се гледа дека ова е случај на класичен ама класичен политички прогон и невидено политичко насилство со кое што директно се задира во правата на граѓаните да се организираат и да делуваат.

„Ова е класична злоупотреба на институциите и правосудниот систем во исполнување на политичката агенда на Заев.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да се укине решението за привремената мерка донесена во текот на вчерашниот ден, како неосновано и недозволено.

За овој политички прогон ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународните претставници во земјава и нашите сестрински партии. За овој политички прогон и обидите да се забрани опозициското делување ќе се бара и лична и политичка одговорност“, порача Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Кривичниот суд ја потврди информацијата за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Архитектот на „Мавровка“ Здравко Рафаиловски е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“

Редакција

На почеток сме од објавувањето на скандалите на владата на ДУИ, подржана од СДСМ, вели Мицкоски

Редакција

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Редакција