еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Апел од Бигорски манастир за последната недела пред Велигден

Страсната седмица, последната недела пред Велигден – Пасха, е посветена на последните настани од Христовиот живот на земјата, пишуваат од Бигорски манастир на нивната официјална веб-страница.

„Затоа воопшто не прилега за време на Страсната и Велика седмица, особено во деновите Велик Петок и Велика Сабота и трите дена на Воскресението, да се изведуваат настани кои ги спречуваат верните да учествуваат во тоа литургиско доживување на спасоносните Христови Страдања и Неговото светло Воскресение.

Следствено, би сакале да испратиме апел овие дена да не се организираат никакви натпревари, забави, митинзи, туристички и шопинг патувања и сл.

Потоа, пожелно е и работодавците во овие величествени денови (барем од Велик Петок, кој е и државен празник, до третиот ден на прославувањето на Воскресението) да ги ослободуваат своите вработени, за истите да можат да присуствуваат на богослужбите и да Му ги посветат своите мисли и дела на Бога.

Ако не сакаат да Го следат Христа за време на овие последни собитија, тогаш нека покажат барем почит кон делото што Он го извршил и тоа ќе им донесе благослов Божји.

Исто така, ги повикуваме и сите трговци и сопственици на маркети ако не ги намалуваат, барем да не ги поскапуваат цените на производите, за да можат и посиромашните да си ги дозволат потребните услови за достојно и радосно празнување на Празникот над празниците.

Трендот на поскапување на цените во пресрет на Велигден го наследивме од претходниот атеистички општествен систем, кога верата била ставена на маргините од општеството. Нашите предци, пак, во минатото секогаш се грижеле за сиромашните, особено за овие големи празници, и затоа го имале Божјиот благослов“, се вели во апелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: „Многу сум лут на нашите здравствени власти што не ми го признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина“

Редакција

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 17 степени

Редакција

До недела сончево и потопло, од понеделник облачано со дожд и пониски температури

Редакција