еМагазин
Image default
Да помогнеме

Апел од Бигорскиот манастир: На шестмесечното бебе Лео му треба помош

„Драги пријатели, да бидеме хумани и да му помогнеме на овој супер херој да ја извојува битката за правото на безгрижно детство, за правото на живот…

Ве повикуваме да ни се придружите во поддршката при овој голем предизвик за малиот Лео, кој има само 6 месеци!“, пишува во апелот за помош што го објави Бигорскиот манастир.

Лео е роден на 12.11.2018 година. Само 5 дена по раѓањето на Клиниката за детска хирурхија направен му е првиот оперативен зафат поради дијагноза Ileus при што му е отворена биполарна илеостома. 

Три месеци подоцна направена му е втора операција при која е затворена илеостомата и отворена е биполарна колостома.

Два месеци подоцна, Лео е примен повторно на детската клиника, со зголемен обем на главата, со дијагноза Хидроцефалус.

На Лео му е направен и трет оперативен зафат, овој пат на главата, по што Лео е пуштен дома.

„Бидејќи неговата целосна состојба беше загрижувачка и не се движеше во позитивна насока, Лео итно беше однесен на една од приватните клиники каде во рок од само 5 дена итно му беа направени два оперативни зафати, еден на главата и еден на стомачето за затворање на стомата.

Малиот Лео моментално закрепнува и силно се бори и тој по само шест месеци живот да добие шанса да биде здраво дете.

Огромна благодарност до сите доктори кои се бореа и сеуште се борат рамо до рамо со Лео. Тој има само 6 месеци и досега на него се направени 5 оперативни зафати, од кои две на главчето и три на абдоменот. Семејството на Лео не е во можност да ги покрие финасиските трошоци, кои досега изнесуваат 10.000 евра…

Да бидеме хумани и да му дадеме шанса на овој мал супер херој да лета безгрижно низ неговото детство, низ својот живот“, апелираат од манастирот.

Поради објективни причини, средствата за малиот Лео ќе бидат уплатувани на жиро сметка на Бигорскиот Манастир.

Број на сметка: 300-1700000073-51

Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Цел на дознака: За лекување на болно дете

International transfer (Девизна жиро-сметка)

Beneficiary

Beneficiary name: Makedonska Pravoslavna Crkva-Ohridska Arhiepiskopija

Address: s. Rostusa, Mavrovo i Rostusa, Macedonia

Transfer details

Bank account number: MK072500260000875-94

SWIFT-BIC code: INSBMK22

Bank: Sparkasse Banka Makedonija AD Skopje

Bank branch: Skopje, Macedonia

Remitance: Help for Leo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОС Детско село со акција ноќите во Скопје да блескаат со љубов

Редакција

Ќе се собира хуманитарна помош за семејството на возачот што почина на Стража

Редакција

На шестгодишната Мартина и се потребни средства за операција за да оди сама

Редакција