еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

АПЕЛ од маркетите: Не купувајте масовно и панично, залихи има и постојано се врши набавка на роба

На средбата со претставници од маркетите, министерот за економија, Крешник Бектеши, апелираше граѓаните да купуваат разумно, бидејќи залихи има доволно. Тој додаде дека во маркетите се создава најголема гужва и оттука се доведува во прашање здравјето на вработените.

„Ги повикувам граѓаните разумно да купуваат, секој супермаркет ќе направи интерен план за работа со цел да излез во пресрет на граѓаните. Место за паника нема, залихи има,“ рече Бектеши.

Претставниците на супермаркетите исто така уверуваат дека состојба е под контрола и нема место паника, залихи имаат за период од 35 до 40 дена. Според нив, тие се охрабрени од трговците и производителите дека доволно ќе снабдуваат и оттука производите што стратешки се купуваат ќе ги има доволно.

Џемаил Даути, сопственик на компанијата „Даути“, која врши увоз и дистрибуција на храна низ супермаркетите, рече дека минатата недела имало потешкотии за увоз на роба, но од вчера тој проблем е решен и камионите во конвој се тргнати кон државата. Засега, цените на производите не се менуваат.

Од Државниот пазарен инспекторат информираа дека поради непочитување на одлуките на Владата, биле затворени 10 угостителски објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

(Видео) Преку мегафони на возило, општина Чаир бара од граѓаните да останат дома

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Владата забрани извоз на пченица, инспектори ќе „бараат“ скриени залихи храна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Редакција

Професорот Јорданов со иноваторски текстил за војнички униформи, што ќе детектира и нервен гас со промена на самата боја

Редакција

Судење за „Рекет“: И Кичеец го снимал Боки 13

Редакција