еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Обвинетите за настаните од 27 април, за насилството во Собранието, во проглас до јавноста, упатија апел дечињата на пратениците кои гласале да не бидат под страв.

„Тоа се македонски дечиња, тие се наши деца! Немојте тие луѓе кои се ваши и наши пратеници да ги омаловажувате. Затоа што силата за обединување и менаџирање беше кај Христијан Мицкоски“, се вели во прогласот.

Обвинетите исто така го повикаа Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита одлуката на претседателот на партијата, Мицкоски за исклучување од партијата на пратениците кои гласаа за уставни измени.

„Под итно да престанат нападите на пратениците затоа што тие се наши браќа по крв и род. Со нив ги делевме ладните и мрачни ќелии во затворот Шутка- не заборавајте го тоа. Од наш субјективен видик, тие се браќата со кои се уште ја делиме и судницата, маката и понижувањето“, се додава во прогласот.

Помеѓу обвинетите за настаните во Собранието се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои гласаа за уставни промени, а кои експресно беа исклучени од партијата.

Тие излегоа од куќен притвор за време на одржување на расправата во Собранието за стартот на уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што Мицкоски им ветил на обвинетите за насилството во Собранието, а не исполнил

Обвинетите за насилството во Собранието подаваат рака кон Заев и прифаќаат национално помирување

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Што ги предомисли пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Александрова и Исмајловска да гласаат „за“

Бети пак ќе носи Прада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција целосно отворени кафулињата и плажите, ќе се служи и алкохол

Редакција

Од коронавирусот во светот починаа 3.284, заразени се 95.488, а оздравеле 53.689 лица

Редакција

Вкупно 5.552: Од Ковид-19 починаа 10 лица, најмногу од Тетово

Редакција