еМагазин
Image default
Да помогнеме

Апел за помош на деветгодишната Тамара Трајковска

Деветгодишната Тамара треба да ја изврши последната операција – се работи за  лекување кое ќе и помогне да може самостојно да оди и да ја фрли количката засекогаш, информираат од Фондацијата „Допир“.

„Тамара Трајковска боледува од церебрална парализа, има 9 години, ментално е здрава, сака дружење со деца но не може да оди. Во 2018 година во Турција е извршена интервенција на вградување селективна дорзална ризотомија на рбетниот дел со кој трајно e решен спазмот и дадена е шанса Тамара самостојно да застане на нозе и самостојно да оди.

По процена на лекарите потребна е уште една последна специфична операција на колкот и интензивна рехабилитација, операција која успешно ќе се реализира во клиниката во Истанбул и Тамара ќе може да оди како сите други деца!

До сега семејството каде работи само едниот родител, сами успеале да ги покријат досегашните огромни трошоци за лекување на малата Тамара. Но за последната операција имаат собрано само 50% од потребните средства, семејството е веќе целосно финансиски исцрпено а операцијата мора да се изврши во април 2019 год.! Затоа упатуваат апел до сите хумани луѓе за помош оваа операцијата на Тамара успешно да ја реализираат“, се вели во соопштението.

Со оглед дека Тамара е ментално здраво дете оваа последна битка ќе и овозможи да го живее животот самостојно како сите други деца, потребни се 7.000 евра!

Повеќе информации за донирање ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

После шест години поминати во искушение со изгубен вид и пет операции на глава, да го направиме посветол животот на Ивана

Редакција

Во Зоолошка градина-Скопје хуманитарен настан за Сара Настеска

Никола Осило

(Фото) Секоја чест: Пар од Струмица, парите од свадбата ги донираше за Никола Новоселски

Редакција